About2019-04-14T16:27:14+00:00

За Нас

     Турист Инжинеринг е приватно претпријатие основано 1996 година од Г-н Цветко Димитријоски и низ своето долгогодишно работење се специјализира во трговија со црна металургија и челични производи, постојано адаптирајќи се на потребите на потрошувачите во прилог на цени, димензии и услуги. Располагаме со широк асортиман на челични производи и производи од железо, потоа располагаме со пластифи- цирани лимови, олуци, бои и лакови, електрични алати, кровни и фасадни панели итн. Во нашиот асортиман нудиме преку 15 000 производи. Врз основа на долгогодишното работење и искуство, Турист Инжинеринг покрај трговијата има развиено свои погони за произ- водство на метални сталажи, метална галантерија (поштенски сандачиња, сандачиња за прва помош, хидранти итн.), обработка на пластифицирани лимови за кровови, како и услуги што вклучуваат сечење и виткање на лимови и цевки, заварување, фарбање и други услуги према вашите потреби. Исто така во нашиот производен асор- тиман нудиме производство на антенски и далеководни електрични столбови. Поседуваме сопствена дистрибутивна мрежа и вршиме достава на своите производи на цела територија на Р. Македонија и Балканот.